Прибирање на информации
Личните податоци, доброволно поднесени од посетителите на оваа веб страна: име, презиме, адреса, телефонски број и електронска пошта, се прибираат и употребуваат со цел да се достави направената нарачка до крајниот корисник.
Овие информации ќе бидат употребени единствено за исполнување на нарачките, освен доколку од страна на корисникот се дозволи да се користат за друга цел, на пример за промотивни известувања.
Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.
Употреба на веб страната од страна на малолетни лица
Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет.
Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели.
fashionhouse.mk никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна.
Информации за политиката за заштита на личните податоци
Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, со испраќање на порака кон: info@cmdelta.mk
На Ваше барање, во рок од 7 дена ќе бидете информирани кои од Вашите лични податоци, доколку ги има, се прибрани за време на вашите посети на https://www.fashionhouse.mk.
Објава за промени
Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци тие ќе бидат наведени во оваа изјава за заштита на личните податоци, почетната страна и на други места за кои сметаме дека се соодветни.
Последна промена: Јули, 2020 година.
Заштита на Вашата корисничка сметка
Вашата лозинка е клучот од Вашата корисничка сметка.
Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам.
Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет за најава во системот. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата fashionhouse.mk лозинка никому.
Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на законски водени активности направени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од која било причина, веднаш известете нè и направете промена на лозинката.
„Колачиња“/Технологија на следење
Оваа веб страна може да употребува „колачиња“ (cookies) и технологија на следење во зависност од понудените форми. „Колачињата“ и технологијата на следење се корисни за прибирање на информации како што се тип на пребарувач и оперативен систем, следење на број на посетители на веб страната, и употреба на истата од страна на посетителите. „Колачињата“ исто така придонесуваат кон подобрување на веб страната и негово прилагодување кон потребите на посетителите. Личните податоци не можат да се прибираат преку „колачиња “.
Давање на лични податоци на користење
Единствено врз основа на закон, Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:
- Дозвола побарана со Закон од страна на овластена институција;
- Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција;
- Истрага на измама која веќе се случила.
Обврска за тајност и заштита на личните податоци
Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап.
Единствено овластени лица имаат пристап до овие информации.
Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што истите нема да бидат читливи при преносот и заштитени соодветно на ризикот и природата на податоците кои се пренесуваат. Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземаат сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.